Екс директорот на „Биљанини извори“ и официјално ќе наплатува паркинг

Од:

Екс директорот на Јавното претпријатие Биљанини извори од Охрид, Боро Шајн со одлука на Управен одбор и официјален е распределен на работно место наплаќач на паркинг простор, изјави за А1он новиот директорот на претпријатието, Иван Цветковски.

Според него со цел санирање на катастрофалната економска состојба во која се наоѓа претпријатието и санирање на штетите, управниот одбор му наложил да изврши времено распределување на работните задачи на вработените па и на Шајн кој е истакнат член на СДСМ во Охрид.

„Во тој дел се опфатени и дел од вработените во јавната администрација на ЈП Биљанини извори со цел санација на економоското катастрофално и штетно работење на фирмата, а се со цел за многу побрзо време санирање на состојбите кои се алармантно лоши. Боро Шајн е распределен за наплаќач на јавен паркинг, а локацијата дополнително ќе се утврди. Решението се изготвува и дополнително ќе му биде доделено.Ова го направивме со цел да не вработуваме многу нови луѓе и теретот да не падне на нив“, рече Цветковски.

Цветковски вели дека во одлуката поранешниот директор Шајн во иднина да наплаќа за паркирање во Охрид не се крие ниакква политичка позадина.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство