Еколошки теми во фокусот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија

Од:

Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија продолжува денеска во Европскиот парламент во Стразбур, јавува дописникот на МИА.

Денешната расправа посебно е посветена на еколошките предизвици на Македонија и делот со обновливата енергија, наспроти вчерашниот ден каде фокусот беше на политичките теми од евроинтеграциите на земјата.

Во моментов двете парламентрани делегации на ЕП и на Собранието на Република Македонија расправаат околу Препораката и нејзините амандмани кои треба да бидат усвоени на крајот од овај 11-ти по ред Мешовит комитет.

Предложениот текст се согласува многу со предлог реозлуцијата која денеска ќе треба да ја гласа ЕП, предложена од Ричард Ховит. За препорката се предложени дури 30 амандмани.

Веднаш по гласањето на оваа препорака македонската делегација ќе може да го следи гласањето на резолуцијата на пленарната сесија на ЕП, во која се повикува на почеток на преговорите пред јули годинава.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина