Еколошка акција во кумановско по повод Денот на независноста

Од:

Членовите на здружението „Кумановски акцијаши“ и екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“, денеска го исчистија просторот околу локалитетот „Студена вода“ во кумановско во пресрет на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Волонтерите и стручните служби го исчистија просторот од смет и отпад на патот кој води кон локалитетот и површината од околу 1000 метри квадратни која ја зафаќа просторот. Во акцијата што се одржува под покровителство на општина Куманово, искосена е и тревата, искастрени се гранките на дрвјата и грмушките околу просторот.

Директорот на „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски, информираше дека сметот е отстранет и просторот е уреден. И претседателот на здружението „Кумановски акцијаши“, Јусуф Љатифи, смета дека акцијата е успешна. Просторот е место за рекреација и често го користат кумановци за прошетка и возење велосипеди.

Директорот на претпријатието, Стојчевски, информираше дека во наредниот период внимание ќе посветат на расчистување на дивите депонии кои со години се создаваат на исти локации во Куманово. Тој потсети дека изминатиот период екипите на претпријатието по петти пат за десет месеци ја исчистија дивата депонија пред влезот на населбата „Перо Чичо“

„Почнува да се создава дива депонија и во населбата „Гоце Делчев“ кај пекара, кај Спомен Костурницата, кои редовно се чистат, кај поранешниот Житомел на „Октомвриска револуција“ каде пак има проблеми, бидејќи објектот е сопственост на правно лице кое е во стечајна постапка и потребни се дозволи да се уреди тој простор, но и таму чистевме пред два месеци, а сега повторно прераснува во депонија, изјави Стојчевски.

Тој апелираше до граѓаните совесно да се однесуваат кон непосредната животна средина и информираше дека комуналната инспекција ќе почне да ги санкционира загадувачите.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување