А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Еколошка акција во Крива Паланка

by А1он17/03/2018 - 11:50174
Share0

На дваесетина локации во урбаниот дел на Крива Паланка и приградскиот реон, кејот на Крива Река, патеките кои водат до манастирот Св .Јоаким Осоговски и пешачката патека до Гимназијата, денеска се одржа масовната еколошка акција „Почиста животна средина за подобра иднина“.

Добивај вести на вибер

Акцијата ја реализира Општината, како дел од програмските активности за чиста и здрава животна средина

– Задоволен сум од вклученоста на сите чинители во акцијата која е продолжение на активностите кои периодов се реализираат, подигнување јавни зелени површини на повеќе локации, расчистување на диви депонии, поставување нови корпи за отпадоци, нови садови за смет, во насока на унапредување на животната средина, одржување чиста и здрава околина, како и подигнување на свеста кај заедницата, пред се кај младите за значењето на чиста околина во севкупното живеење, изјави градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

Покрај вработените во општинската администрација и учениците од основните и средното општинско училиште од градот, во акцијата се вклучија и граѓански здруженија, заедници на станари и други субјекти и лица.

Паралелно, акцијата ја реализираа и вработени од јавно претпријатие „Комуналец“ кои со механизација расчистија околу четириесет локации: депонијата на излез од населба Лозаново кон село Градец, депонијата на улица „Осоговска“, во Дренчка мала и кај Ловечки дом, депонијата кај село Варовиште, регулациското корито на долот во населба „Единство“ и други помали локации.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Предраг Петровиќ29/08/2025 - 17:10

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски27/07/2025 - 12:2527/07/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Горан Наумовски26/07/2025 - 11:45

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

Горан Наумовски09/07/2025 - 20:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен