Еко – училница за почеток на ново поглавје на ООУ „Лазо Трповски“

Од:

Во ООУ „Лазо Трповски“, вчера се отвори првата еко – интерактивна училница. По повод празнување на 50 години од основањето на ова училиште, патрониот ден се одбележа на еден поинаков, креативен начин. Имено, учениците заедно со наставниот кадар и со поддршка од Општина Карпош, создадоа училница од еко – материјали. Во надворешниот простор кој се наоѓа во рамки на училиштето, основците ќе можат да другаруваат, но и да присуствуваат на училишна настава.

Просторот е соодветно прилагоден и за организирање на различни тематски настани и работилници.

Кратка порака упати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој им честиташе на учениците и наставниците за покажаната креативност, авангардност и енергија.

– Оваа еко-училница пулсира во духот на модерното, на новото време. Вие сте пример како може да се работи и надвор од наставната програма, продуктивно и корисно за целата заедница. Општината ќе продолжи со поддршка на овие проекти, рече Богоев.

На патрониот ден свој перформанс имаше и првата генерација на првачиња од ова училиште, кои се потсетија на нивната младост, детство и училишни денови. Меѓу присутните можеа да се забележат и повеќе јавни личности, како пејачот Дарио Панковски, актерката и пејачка Тања Кочовска, повеќе истакнати професори и спортисти. Дарио и Тања Кочовска се претставија со дел од нивните најпопуларни хитови, евергрини, со што дадоа посебна нота на целата атмосфера.

Во текот на денот се одржа и турнир во одбојка за девојчиња, каде учествуваа четири различни училишта, кои со фер плеј игра ни покажаа дека спортот традиционално се негува во ова училиште.

Би можело да ве интересира

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров