А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Еко-свест“: Праведната транзиција на регионите со јаглен да започне веднаш

by А1он20/01/2021 - 13:13206
Share0

„Во текот на 2020 година, нашата Влада зацрта високи и амбициозни цели во секторите енергија и клима кои ќе биде тешко да се достигнат доколку не забрзаат процесите за транзиција на ТЕЦ на јаглен кон обновливи извори на енергија, меѓутоа и транформирање на економијата во регионите со јаглен како никој не би останал без работа и егзистенција.

Добивај вести на вибер

Реалноста е дека ние немаме повеќе време да се лажеме дека можеме да ги одржуваме термоелектраните на јаглен во земјава, немаме ниту јаглен ниту финансиски средства за одржување на сите вработени во тие термоелектрани бидејќи има превработеност. Не можеме да си дозволиме ниту да продолжат да работат како досега, без потребниот десулфуризатор, бидејќи луѓе ни умираат од канцерогени заболувања секој ден, особено во Битолскиот регион“, велат од „Еко-свест“, Центар за истражување и информирање за животната средина.

„За да се спасат Кичевскиот и Битолскиот регион од замирање потребно е веднаш да започне процесот на долгорочно планирање на праведната транзиција- усвојување на план за праведна транзиција на овие региони и во овој процес мора активно да учествуваат работниците, синдикатите, локалното население, малите и традиционални бизниси, граѓанските организации и локалните власти од Кичевскиот и Битолскиот регион. Потребни се анализи на работоспособното население во регионите и можности за развој на алтернативни економски гранки за да се обезбеди понатамошен развој на овие региони.

Владата има должност да не ги заборави граѓаните од овие региони и да мобилизира финансиски средства во насока на реализација на зацртаните цели во План за праведна транзиција кој мора итно да се донесе. Властите мора да бидат апсолутно транспарентна со сите засегнати чинители. Приватните бизниси можат да помогнат, локалното население е заинтересирано да произведува електрична енергија од сонцето со поставување фотоволтаици на кровови на домаќинствата, бизнисите и јавните згради- потребна е доверба. Одговорноста и на локалните власти во подршка и фасилитирање на овие процеси е огромна“, соопштува „Еко-свест“.

eko svest

Би можело да ве интересира

Еко-свест: Елаборатите за малите хидроцентрали одат пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски19/12/2023 - 11:22

Еко-свест: Со гасниот конектор наместо обновливи извори ќе добиеме нов фосилен господар

Катерина Ѓуровски16/11/2023 - 11:09

Еко-свест бара итно формирање на Фондот за животна средина

Ана Ололовска31/12/2021 - 10:51

„Еко-свест“: Бернската конвенција со нови препораки за заштитените подрачја

А1он03/12/2021 - 15:52

Еко-свест: Општините мора активно да се вклучат во ублажување на климатските промени

Ана Ололовска21/09/2021 - 13:27

Еко свест: Екстремното загадување од електраните на јаглен продолжува

Катерина Ѓуровски07/09/2021 - 10:5807/09/2021 - 11:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен