Еко Герила: Воздухот во Тетово е за 40 до 50 отсто помалку загаден кога не работи Југохром

Од:

Движењето Еко Герила смета дека воздухот во Тетово е значително понезагаден кога не работи Југохром и е против барањето на раководството на комбинатот Владата да ја повлече одлуката за забрана на работата.

– Барањето да му се дозволи на Југохром и понатаму да го загадува регионот е неприфатливо, противзаконско, опасно и со фатални последици за сите жители на Тетово и регионот. Со споредување на бројките, јасно се гледа дека без Југохром, воздухот во Тетово е за 40 до 50 отсто помалку загаден. Југохром е еден од најголемите загадувачи во Тетово и регионот. Тоа се потвдрува со намалувањето на нивото на загаденоста во периодот кога Југохром не работеше, велат од Еко Герила.

Прецизираат дека во јануари годинава загаденоста во Тетово била пониска за 39 отсто, во февруари за 41, во ноември за 49 и во декември годинава за 51 отсто пониска.

– Минатата година загадувањето во Тетово достигна 1.000 микрограми пм10 честички на метар кубен, а годинава максимумот е 500 микрограми. Минатата година бевме први во Европа, но и во светот, годинава сме на 7-8 место во Македонија. Секако дека Тетово продолжува да се загадува, но без Југохром состојбата е значително подобра, потенцираат од Еко Герила.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја