Еко-активисти на средба со градоначалникот на Карпош

Од:

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска се сретна со Александар Донев и Александра Теменугова од граѓанската иницијатива „Прво кафе кај градоначалникот“, на која разговарале за тоа што може општината да стори и што досега сторила против загадувањето на воздухот на оваа територија.

Како што информираат од општина Карпош, по два и пол часовниот разговор тие биле едногласни во оценката дека се неопходни координирани и стратешки мерки на подолг рок, за трајно решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Градоначалникот Јакимовски образложил дека општината како потписник на конвенцијата 20-20-20, за 20 проценти намалување на штетни гасови во атмосферата, 20 отсто учество на обновливи извори на енергија во вкупната енергетска потрошувачка и 20 проценти помала потрошувачка на енергија, досега поднела 35 еколошки проекти, како и обновата и поставувањето на термички фасади на колективните станбени објекти, замената на азбестните покриви, одржување на блоковското зеленило и посадување на 10.500 млади дрвца во последните неколку години.

Александра Теменугова, изразила посебен интерес за проблемот на ограничените законски ингеренции што ги има локалната самоуправа во сферата на испекцискиот надзор, односно овластениот инспектор за екологија во санкционирањето на загадувачите, додека според Александар Донев потребна е изработка на долгорочна стратегија за борба против аерозагадувањето, меѓутоа со соочување со сите надлежни структури во државата од локално до централно ниво.

Заедничкиот заклучок на сите учесници на работната средба, е дека е потребно сите конкретни мерки и идеи за решавање на овој голем проблем да се апсолвираат низ една форумска дебата, која ќе резултира со студија и дузина законски интервенции и измени, со што трајно би се решил проблемот со загадувањето на воздухот и заштитата на животната средина.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира