Екипите на Град Скопје се справуваат од последиците од обилните дождови

Од:

Екипите на Град Скопје и на јавните градски претпријатија веднаш по невремето со обилни врнежи од дожд што попладнево го зафати Скопје излегоа на терен каде работат на санирање на последиците.

Од обилните врнежи на дожд беа блокирани поголем број на сообраќајници и подвозници меѓу кои и подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ под стоковната куќа Мост, булеварот „Киро Глигоров“ и подвозниците на булевар „Србија“, на улица „Боца Иванова“ и кај улицата „Павел Шатев“. Екипите на Градот Скопје и јавните градски претпријатија интервенираа веднаш и за помалку од еден час сите сообраќајници беа расчистени и проодни, освен подвозникот на булевар „Србија“ каде се работи во моментов на отпушување на атмосферскиот колектор и набрзо треба да биде прооден.

Од Градот велат дека Градскиот штаб за заштита и спасување во соработка со јавните градски претпријатија ја следат состојбата на терен и интервенираат на сите локации каде што има потреба.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Реката Црна се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште