Екипи на ПОЦ и денеска на терен

Од:

Вработените на ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар денес повторно ќе излезат на терен за помош во најзагрозените подрачја од невремето коешто го зафати скопскиот регион.

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Саша Богдановиќ и дел од вработените во претпријатието, вчера им помагаа на граѓаните и ги расчистуваа местата кои беа погодени од катастрофалното невреме. „Заедно со вработените во ЈП ПОЦ вчерашниот ден го поминавме во село Стајковци помагајќи на поплавените семејства. Верувајте, ситуацијата е далеку полоша од она што е претставено. Со зборови не може да се опише ужасот што го видовме. Урнати куќи, поплавени домови, паднати потпорни ѕидови, блокирани улици, скршени дрвја е вистинската слика од погодените места. На овие луѓе тука им е потребна многу поголема, поорганизирана и помасовна физичка помош на терен“, изјави Саша Богдановиќ.

Претпријатието, исто така, дел од деловните простории ги стави во функција на сместувачки капацитети за згрижување на луѓето од кризните региони и одбезбеди соодветни капацитети за користење на паркинг места во Катната гаража „Судска палата“ за чување на автомобилите во сопственост на граѓаните од кризните региони, со цел спречување на дополнителни материјални штети.

Во Дирекцијата на ЈП ПОЦ отворен е и пункт за донации кадешто граѓаните ќе можат да донираат храна, средства за лична хигиена, вода, лекови и сличен вид на соодветна помош.

Би можело да ве интересира

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паркинг драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило

Катерина Ѓуровски

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ

Ана Ололовска