Екипи на Град Скопје ги расчистуваат последиците од невремето

Од:

До Градот Скопје и јавните претпријатија досега се стигнати пријави за паднати дваесетина дрва од силното невреме што во изминативе неколку часа го зафати Скопје.

Екипи на Град Скопје составени од вработени во ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Комунална хигиена“, ЈП „Улици и патишта“ и од Противпожарната бригада на Град Скопје на терен ги расчистуваат паднатите гранки и скршени дрвја кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги пријават сите забележани дефекти во светлосната патна сигнализација или скршените гранки и дрвја од силниот ветер во ЈП „Паркови и зеленило“ на телефонот 3070-112, во ЈП „Улици и патишта“ на 3162-317 и во ЈП „Водовод и канализација“ на телефонот 3073-010 или на бесплатниот број 0800 22555.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот