Екипи на Град Скопје ги расчистуваат последиците од невремето

Од:

Екипи од Градот Скопје составени од вработени во ЈП „Водовод и канализација“, ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“ излегоа на терен и ги расчистуваат последиците од невремето проследено со обилни врнежи што во изминативе неколку часа го зафати Скопје.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги одзатнуваат сливниците од атмосферската канализација што треба да го примат големото количество вода на неколку градски улици и булевари, од „Улици и патишта“ ги отстрануваат дефектите на неколку семафори кои поради силните електрични празнења престанаа да работат, а екипите на „Паркови и зеленило“ на терен ги расчистуваат паднатите гранки и скршени дрвја кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Од Градот се апелира до граѓаните да ги пријават сите забележани дефекти во светлосната патна сигнализација или скршените гранки и дрвја од силниот ветер на телефоните на „Паркови и зеленило“ – 02/3070 112, ЈП „Улици и патишта“ – 02/3162 317 и во ЈП „Водовод и канализација“ на бесплатниот број- 3073-010, 0800 22555.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот