ЕК втора година по ред со забелешки на односот на власта кон Центар

Од:

Втора година по ред, Европската комисија ја споменува општина Центар во Годишниот извештај за напредокот на Република Македонија. Ова покажува дека и по минатогодишната забелешка за притисокот врз општината од страна на централната власт, ништо не е променето.

„Некои општини како Центар, беа предмет на непропорционален број на инспекции од државниот инспекторат. Имаше недоследни истраги од страна на власта за нападите и вандализмот врз зградата на општина Центар. Потребни се поголеми напори за да се обезбеди транспарентност во доделувањето на големите грантови на општините и да се осигура дека тие ги имаат потребните финансии за да ги спроведат обврските што им се доделени“, стои во Извештајот на Европската комисија.

Потсетуваме дека  општина Центар, како што кажуваат и самите инспектори, има посебен третман, за разлика од другите општини.

ek-za-centar

Се уште не се познати виновниците за демолирањето на општината и за доведување во опасност на животите на претставниците на медиумите, градоначалникот, советниците, вработените во општинската администрација и претставници на дипломатскиот кор кој дојдоа да видат што се случува во општината.

Не е официјално кажано кој стои зад протестот, затоа што таканаречената невладина организација „Веритас“ вооошто не е регистрирана.  И покрај тоа што вандализмот беше регистриран од камерите и фото апаратите, МВР и по година и пол не може да ги идентификува насилниците.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски