А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

EK со позитивни оценки го затвора Специјалниот извештај за Македонија

by А1он12/04/2013 - 13:20130
Share0

Европската комисија денеска го затвора Специјалниот извештај што по препорака на декемврискиот Самит на Европскиот совет во вторник (16. април) комесарот за проширување Штефан Филе официјално ќе го обелодени во Стразбур, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Единствена непозната е дали до вечерва Комисијата ќе подготви заклучоци за кусиот извештај или истиот според најавите ќе биде само информативен во однос на остварените резултати на нашата земја во однос на добрососедството со Бугарија, превземените чекори во решавањето на наметнатиот спор за името со Грција и резултатите од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), што од нив го побара Советот со заклучоците од последниот Самит.

Никој од ЕК не сака да коментира за Специјалниот извештај додека комесарот Филе не го објави идната недела. Сепак, високи извори од Комисијата за МИА потврдуваат дека истиот нема да содржи препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, туку само ќе биде потврдена веќе дадената препорака од ЕК во октомврискиот редовен прогрес-извештај за нашата земја. Со оглед на тоа што Македонија и Бугарија се во напредна фаза од преговорите за добрососедство и се пред склучување на договор за почитување на односите меѓу двете земји, како и големото придвижување во преговорите за името со подсредство на медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц во Њујорк, овие две точки ќе бидат високо оценети и поздравени во овој извештај на ЕК. Во однос на ХЛАД-от, комесарот Филе при псоледната посета на Скопје потврди дека нашата земја има најголем напредок и остварено голем број на реформи и тука освен забелешката за слабото ниво на политички дијалог во земјата, како резултат на негативните сценарија на опозициската СДСМ, Комисијата исто така се очекува да даде најдобри резултати.

Во понеделник, Специјалниот извештај за Македонија треба да биде усвоен на Колеџот на комесари на Европската комисија, а како што е споменато, Штефан Филе ќе треба да го објави во вторник во Стразбур.

Со оглед на ваквата ситуација, претстојниот Специјален извештај се очекува да биде максимално позитивен за нашата земја и останува во јуни Европскиот совет по однос на заклучоците на својот последен Самит, истото да го нотира и да одреди датум за почеток на пристапните преговори со Македонија. Се разбира, ако Грција од сосптвени причини повторно не се одлучи на вето.

eu

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен