ЕК: Пофалби, но и критики за МРТВ, непотизмот и политичките назначувања

Од:

„Ви честитам за ова признание“, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар во однос на препораката од Европската комисија и презентирајќи го Извештајот за напредокот на Македонија.

Тој го потенцираше владеењето на правото, реформите во јавната администрација и судскиот систем, како и борбата со организираниот криминал како светли точки во годинешниот извештај.

Цитирајќи го извештајот тој нагласи и одредени критики во неколку сфери, како на пример, дека треба да се вложат дополнителни напори за финансиска одржливост и професионалност во јавниот сервис, иако нагласи дека климата за слободата на говорот и независноста на медиумите продолжува да се подобрува.

Во извештајот, Европската комисија бара дополнителен напор од „сите судски институции“ за враќање на довербата на јавноста во судството. Се потенцира дека се донесени судски одлуки во неколку големи случаи, а дека новата законска рамка за спречување на корупцијата се подобрува.

Во извештајот е нагласен и транспарентниот однос при изборот на новиот состав на Антикорупциската комисија и реформите кај разузнавачките служби и јавната администрација, но сепак се потенцира дека постојат наводи за непотизам и политички назначувања.

Меѓуетничката состојба останува мирна, а се поздравува и донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Во делот на економијата, се бараат промени во образовните програми со цел да се зголеми конкурентноста во економијата.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери