ЕК побара, а министерствата до 17 октомври треба да достават прашалник за сработеното

Од:

Владата на вчерашната седница ги информирала сите министри дека на 28 септември е пристигнато писмо од Европската комисија во кое се бара секое министерство да направи мини прашалник за сработеното што треба да послужи за изготвувањето на најновиот извештја на ЕК за напредокот на земјава.

– Министрите беа информирани дека е добиено писмо со препораки за постапување по однос на мини прашалник за секое министерство одделно што треба да послужи како информативен материјал за формирање на најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава во процесот на остварување на целта, враќање на препораката за отпочнување на преговорите со Европската унија, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Тој посочи дека и во минатото ваквите мини пашалници биле редовни, а последниот сме го имале во 2005 година.

– Во моментов ова не е обврска само за нас, туку за сите земји од Западен Балкан. Мини скринингот за работата на Владата треба да биде завршен до 17 октомври. Одговорите од него треба да послужат како информативен материјал за формирање на најновиот извештај на ЕК за напредокот на Република Македонија, појасни Бошњаковски.

На вчерашната седница е донесена одлука сите министерства да достават информации за нивните правилници и практики за исплати на надоместок за дополнителна и прекувремена работа на службениците во министерствата ангажирани во совети и во комисии. Целта е да се утврди фактичката состојба во кое министерство како тече постапката, кој правилници им се на сила и што добиваат вработените врз основа на правилниците.

– Оваа информација треба да послужи како основа за утврдување на принципите и да се направи анализа што, како и зошто е моментална пракса, да се утврдат сите недоследности, ако постојат, и да се делува превентивно за спречување на одредени ситуации кои во јавноста се окарактеризирани како негативни појави, рече Бошњаковски и додаде дека по направената анализа ќе се преземат дополнителни чекори.

Владата вчера ја разгледала и препораката за партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца.

– Одлуката за партиципација се однесува на самохрани родители кои имаат примања под просечната плата. Ова е препорака и во моментов Министерството за труд и социјална политика прави сондажа на состојбите. Доколку е возможно мерката би требало да биде воведена веднаш по завршувањето на анализата, посочи Бошњаковски и додаде дека зависно од одлуката самохраните родители ќе добијат одредени попусти или целосно ќе бидат ослободени од плаќање на надоместокот за градинка.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада