ЕК: Одлуката на Советот ќе заштеди време при стартот на преговори со Македонија

Од:

Директорката за Западен Балкан во Европската Комисија, Геновева Руиз Калавера, за МИА објасни дека одлуката на Советот на ЕУ за одложен старт на преговори е „многу позитивна“, бидејќи подготовките кои ЕК ќе ги започне веќе кон крајот на овој месец ќе овозможат да не се губи време.

Руиз Калавера потсети дека со земји како Црна Гора и Србија претходно, подготвителната работа за стартот на преговори можела да трае и до 18 месеци.

– Ние ги започнуваме подготовките сега, така што земјата ќе биде подготвена да почне да преговара и нема да изгуби ниту еден ден за тоа. За претходните земји требаше најмалку една година, рече Руиз Калавера за МИА.

Македонија на 26 јуни доби зелено светло за почеток на преговори во јуни 2019 под услов да се исполнат одреден број критични реформи до тогаш. Другата година, земјите членки ќе треба да го потврдат датумот за старт на преговори, по што ќе може да се закаже првата Меѓувладина Конференција, која ќе го означи тој почеток.

– Советот ќе ни даде мандат за старт на преговори, а тие ќе почнат во облик на Меѓувладина конференција, тоа ќе биде моментот кога преговорите ќе започнат, но она што е важно е да не губиме време штом го добиеме мандатот, изјави директорката за Западен Балкан.

Подготвителната работа што ќе ја започне Македонија во наредните година дена, другите земји ја започнувале откако бил доделен мандатот за преговори од страна на Советот. Потоа, тие земји чекале меѓу година и година и половина да започнат преговорите. Поради ова, додава таа, Европската Комисија смета дека одлуката на Советот е „многу позитивна“, бидејќи ќе и заштеди време на Македонија.

Подготвките за преговори, кои треба да започнат во наредните недели ќе им овозможат на двете страни да формираат експертски тимови кои ќе го анализираат степенот на подготвеност на македонското законодавство за преговори со Европската Унија, и ќе и овозможат на македонската страна да го подготви теренот за преговорите, објаснуваат од Европската Комисија. На тој начин, откако ќе биде доделен мандатот за почеток на преговори за Македонија, земјата ќе може да го забрза процесот.

Извори за МИА во Европската Комисија велат дека се уверени дека работата може да оди многу брзо со Македонија и дека земјата, доколку нема реформско или политичко назадување, многу брзо, исто така, ќе може да ги стигне двете други земји кои преговараат – Србија и Црна Гора. Впечатокот во ЕК е и дека влегувањето на Македонија во групата на земји кои преговараат ќе има компетитивен ефект врз Белград и Црна Гора, кои моментално „не се чувствуваат многу загрозено“ во трката кон членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он