ЕК очекува позитивно решение на политичката криза во Македонија

Од:

Европската комисија ја следи политичката ситуација во Македонија и судирот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што може да доведе до нови предвремени избори во земјата. Од канцеларијата на комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, посочуваат дека се надеваат дека политичките лидери во Македонија ќе најдат решение за ситуацијата, посочувајќи ги последните смирени тонови од владините партнери како позитивен сигнал.

Од канцеларијата на Филе најавуваат дека идната недела еврокомесарот ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов во Брисел и дека една од работите за која ќе дискутираат ќе биде и новонастанатата политичка ситуација во Македонија и можноста од нови предвремени избори во Македонија.
Брисел се надева на позитивно решение што ќе биде во полза на народот и евроинтеграциските процеси.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Брисел официјално предложи вклучување на обврските од Охридскиот договор во рамките на преговорите за членство на Србија во ЕУ

Горан Наумовски

Маричиќ гледа позитивно на извештајот од ЕК: Имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, не е нотирано назадување