ЕК: Нема минимални услови за кредибилни избори на 5. јуни

Од:

Многу добро знаете дека една од целите на договорот од Пржино е да се обезбедат кредибилни избори во државата и меѓународната заедница е подготвена да работи и да и помогне на земјата во сето ова. Но, во моментов три од четирите најголеми политички партии не се регистрирани за учество и поради ова ние во овој момент веруваме дека нема минимум услови за да се одржат кредибилни избори.

Ова е ставот и образложението на Европската комисија што го пренесе портпаролката Маја Коцијанчиќ за тоа зошто според нив не треба да се одржат претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 5 јуни во Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Гласноговорничката на Еврокомисијата посочи дека Брисел „постојано повторува дека продолжената политичка криза во земјата ја движи Македонија подалеку од евро-атлантските асирации“.

– Ние видовме дека неколку партии не поднесоа листа на кандидати до Државната изборна комисија (ДИК) до крајниот рок и со ова не гледаме дека има минимум услови за кредибилни избори на 5 јуни што ќе бидат признаени од меѓународната заедница, децидна е Коцијанчиќ.

Во име на неформалната Влада на Европската унија, портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан посоочи дека во минатото, Комисијата постојано ја наведувала потребата да се прочисти избирачката листа, да се осигура балансирано медиумско покривање и да се истржат заканите кон гласачите, што според неа не е сторено.

Токму затоа, според Коцијанчиќ, ЕК верува дека под постојаните услови, секоја Влада што ќе произлезе како резултат на избори што би се одржале без учество на трите главни политички партнери на Унијата нема да биде кредибилен партнер на меѓународната заедница.

– Затоа ги повикуваме политичките лидери да превземат одлучувачки чекори за решавање на состојбата со целосно почитување на договорот од Пржино. Итно е и политичките лидери во земјата да се посветат на решавањето на проблемот со владеењето на правото без одложување. Ова, исто така ја вклучува и потребата да се повлечат неодамнешите аболиции на претседателот, бидејќи е многу едноставно дека правдата мора да надвладее и да се види да надвладее, како начин да се врати довербата на граѓаните во земјата и институциите, што е неопходно и ќе помогне да се завршат сегашните тензии и да се зачува владеењето на правото во земјата, порача Маја Коцијанчиќ.

Гласноговорничката на Хан додадека дека „Еврокомисијата останува посветена и достапна да им помогне на партиите во Македонија“, но дека „прво одговорноста е на самите партиите и тие се одговорни да обезбедат демократски прогрес и се одговорни да ја вратат земјата на евро-атлантскиот пат“.

За тоа каква би била соработката на ЕУ со идната македонска Влада што би призлегла од за Брисел „некредибилни“ избори на 5 јуни во однос на најавеното влошување на состојбата со мигрантската криза, како и во однос на финансиско-логистичката помош од ЕУ за Македонија, Коцијанчиќ со одговор:

– Знаете како е со тие „што ако“ прашања. Јас ќе го повторам само она што досега кажав дека ние бараме од политичките лидери во земјата и од релевантните власти да превземат одлучувачки чекори за решавање на сегашната ситуација со целосно почитување на договорот од Пржино. Јасно е дека нешто треба да се стори и ние веруваме дека ова треба да се направи и подготвени сме да помогнеме, но првата одговорност е кај политичките лидери на земјата, посочи Коцијанчиќ.

– Целта на договорот од Пржино е да се обезбедат кредибилни избори во земјата и дел од договорот е исто и некои чекори да се превземат пред да се случат изборите. Ова не се случи и во моментов, ситуацијата е дека не гледаме дека има услови за да се одржат кредибилни избори, заклучи Маја Коцијанчиќ.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар