ЕК не открива како ќе ја оценува Македонија во пролетниот извештај за „добрососедството“ и „решение на името”

Од:

Европската комисија не сака да каже врз основа на што и која алатка ќе ја употреби во пролетниот извештај во оценувањето на учинокот на Република Македонија во однос на добрососедските односи и „постигнувањето компромисно и меѓусебно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на Обединетите нации”, што Европскиот совет го побара во заклучокот за нашата земја донесен на последниот Самит.

Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на ова прашање поставено од страна на дописникот на МИА од Брисел на денешниот редовен прес-брифинг потврди дека Комисијата ќе оценува според зкалучоците, но не кажа како.

– Јазикот употребен во заклучокот на Советот е јасен, има јасни процедури и распоред, па нема што ново да кажуваме и додаваме ние од Комисијата. Ние ќе постапиме како што е наведено во заклучокот, одговори Стано.

Сепак, на инсистирањето Комисијата да појасни дали е можно позитивно да го оцени напредокот на Македонија само ако во наредните три месеци се реши наметнатиот спор со Грција, што е невозможно бидејќи за договор треба двајца, а грчката страна одбива да преговара и тоа прашање се влече 22 години, при што грчкито премиер Андонис Самарас така го толкува овој залучок, гласноговорникот на Филе ќе додаде:

– Не би сакал да коментирам изјава на официјален претставник на земја-членка на Европската унија. Ќе ве упатам да го видите заклучокот на Советот и она што се однесува на ЕК, а тоа е да достави извештај што и нормално Комисијата го чини, а кој се базира на нашите процедури и практика, додаде портпаролот Стано.

Како што е познато, во клучнито параграф 28 од заклучокот на Европскиот совет за Македонија, се наведува дека „евентуалната одлука на Советот за отворање на пристапните преговори со ПЈР Македонија ќе биде испитана врз основа на извештајот што ќе биде презентиран од страна на Комисијата напролет во 2013 година, базирна на спроведувањето на реформите во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво, како и преземените чекори за промовирање на добрососедски односи  и постигнување на компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН”. Ако овој извештај биде позитивен, ЕС се обврза дека ќе ја покани Комисијата без одлагање да достави предлог-рамка за преговори со Македонија и скрининг процес на поглавјата 23 и 24.

Ваквиот заклучок придонесе грчкиот премиер Самарас и воопшто грчката јавност истиот да го протолкува во контекст на тоа дека ЕУ бара Македонија да го реши наметнатиот спор со Грција за името, ако сака во јуни 2013 година да ги започне пристапните преговори. Реално конфузниот параграф овозможува различно толкување, кое Комисијата не сака да го појасни, иако сигналите оттаму се дека ако продолжи со отворениот пристап за прифаќање на бугарските предлози и преговорите со Грција достигнат повисоко ниво, дека Македонија ќе добие позитивен извештај.

Што се однесува, пак, до условите на Бугарија за остварување на добрососедски односи, дописникот на МИА дојде до трите клучни услови што министерот за надворешни работи Николај Младенов им ги издиктирал на бугарските медиуми, а тие се следните:

– Создавање на добросоедски односи со потпиушување на договор/спогодба, создавање на општи работни групи во клучни области, на пример – економско партнерство, културно-историско наследство, покажување на решителност и добра волја за воведување на постигнатите договори.

Последните два услова може да опфатат широк спектар на барања од бугарска страна, што Македонија реално не би можела да ги оствари, па во тој случај да виси и оценката за „добрососедски односи” што ќе треба во извештајот за нашата земја да го донесе Европската комисија до април 2013 година.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он