ЕК не гледа проблем во албанската платформа, сака брзо формирање влада

Од:

Европската комисија (ЕК) не гледа проблем во т.н. албанска платформа што ја иницира премиерот на Албанија Еди Рама, давајќи им ја на партиите на Албанците во Македонија и која ги закочи преговорите за составување на нова Влада, јави дописникот на МИА од Брисел.

На прашање за реакција на ЕК за вмешувањето на премиер на соседна држава во внатрешно-политичките односи во Република Македонија со наметнување на решенија кои уште повеќе ја подгреаја политичката криза во земјата, портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич со одговор: – „Како што постојано говориме, ние не шпекулираме за составување на владата и програмата во ПЈР Македонија. Но, ние очекуваме, а тоа е случај од одржувањето на изборите, брза формирање на нова влада, која ќе има широка политичка поддршка и која силно ќе биде посветена на европските реформи и на имплементирање на сите делови од договорот од Пржино и на Итните реформски приоритети. Ова е многу јасна позиција и ова е тоа што го очекуваме и кое со нетрпение го очекуваме“, изјави Коцијанчич.

На реакцијата дали официјален Брисел поддржува вмешување на странски премиери во внатрешни работи на друга држава, Коцијанчич ја повтори истата изјава и заедно со главниот портпарол на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, констатираа дека „се е кристално јасно“.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет