„ЕГРИ“ со проект за зголемување на свеста за прифаќање на мигрантите

Од:

Здружението „Граѓански центар за одржлив развој – ЕГРИ“ од Крива Паланка е единствен претставник од Република Македонија кој во партнерство со уште девет Европски земји ќе го имплементира проектот „Добредојдени сте“, чијашто цел е подобро прифаќање на мигрантите.

Здруженија и локални самоуправи од Грција, Србија, Германија, Словачка, Австрија, Унгарија, Данска, Чешка, Англија и Македонија ќе работат на зголемување на свеста за подобро прифаќање на мигрантите.

-Сите инволвирани страни во рамки на проектот ќе спроведат работилници со локалното население за подобрено прифаќање на мигрантите, анкета за анализа на прифаќањето на мигрантите, како и два видео-спота со тема мигранти, информира Андриана Ивановска – Давитковска од „ЕГРИ“.

Проектот ќе се имплементира преку мерката „Мрежа на збратимени градови“ финансисрана од програмата „Европа за граѓаните“ од Извршната агенција за култура, образование и аудио-визуелизација (ЕАЦЕА), со седиште во Брисел.

-Какао партнери во проектот присуствувавме на состанокот во Дрезден, Германија, каде беа формулирани и начелно договорени активностите кои ќе се спроведат во претстојниот период, по што следи фазата на подготовка на работилниците, додаде Ивановска-Давитковска.

Изработените видео-спотови од проектните активности ќе бидат претставени на филмски фестивал во Солун, во септември годинава.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски