Ефтимов, Петрушевски и Христова: Ќе понудиме решение за секој проблем на граѓаните, додека СДСМ ги потценува, ние ги почитуваме

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов, Бране Петрушевски и Даниела Христова денес остварија средба со граѓаните, каде што беше посочено дека власта наместо да им ги решава проблемите на граѓаните, таа дополнително им создава проблеми, укажувајќи дека идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во интерес на сите граѓани и ќе создаде поквалитетен и подобар живот за сите.

„Во населбата Перо Чичо каде живее најнеуспешниот министер Оливер Спасовски, потенциравме дека МВР издаде 215 пасоши и лични документи на белосветски криминалци, нарко босови од Србија, Црна Гора, Италија, Турција, Албанија, целото подземје го собраа и му дадоа македонски пасоши за да хараат низ светот. И наместо да има одговорност за врвот на власта, се се заврши со затворски пресуди за неколку шалтерски службеници, а крупните риби останаа недопрени. Време е да се прекинат поделбите генерирани од штетните политики на Заев и СДСМ“, кажа Петрушевски.

Пратеникот Ефтимов од Дражево село порача дека никој од власта не дошол да ги слушне нивните проблеми, додавајќи дека додека СДСМ ги потценува граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги почитува.

„Беласица, место каде природата дарува чистина и пријатни луѓе. Дражево село каде не дошол да ги види никој од власта а имаат реални секојдневни проблеми и со земјоделие,здравство,труд и социјала политика. Додека власта ги потценува граѓаните ние ќе ги почитуваме. #Македонија за сите луѓе“, истакна Ефтимов.

„Во Македонска Каменица , во последните четири години како времето да застанало! Со прст се нема мрднато. Народот се буди и согледува дека оваа власт час поскоро мора да си замине“, порача Христова.

На средбата беше нагласено дека незадоволството на граѓаните од неспособната влада на СДСМ и Зоран Заев ќе резултира со пораз на претстојните локални избори, а со тоа ќе се создаде Македонија за сите луѓе, наведуваат во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски