Ефтимов: Јавното Обвинителство треба да постапи за индициите за противзаконските дејанија за изградбата на коридорите 8 и 10Д

Од:

На денешната собраниска седница за пратенички прашања пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов упати две прашања пратенички прашања до Јавниот Обвинител. Првото прашање кое тој го упати до Јавниот Обвинител за тоа кога ќе има јавно обвинителска одлука за тоа како и пред кого ќе продолжи постапката понатаму по отворање на предистражната постапка за злоупотребите на изборот на надзор за изградба на коридорите 8 и 10д?

„Во врска со изградбата на коридорите 8 и 10Д работодавач односно Владата е таа која ги поставува условите како да се постапува и како да се работи на овие коридори. Јавното Обвинителство е тоа кое требаше да ги расчисти сите овие нејаснотии и сите овие постапки“, рече Ефтимов.

Тој истакна дека Јавното Обвинителство под притисок на јавноста оформило предмет за „Бехтел и Енка“.

„Самото Јавно Обвинителство под притисок на јавноста се произнесе и се изјасни дека оформува предмет, а оформување на предмет е покренување на предистражна постапка на 28.03.2023-та година односно веќе еден месец е покрената таа предистражна постапка. За која што максималниот рок за завршување на оваа фаза е 3 месеци“, кажа Ефтимов.

Ефтимов посочи дека има други нејаснотии и произлегуваат други информации од свиркачи и делови од договорот за кој Владата не ги потврди но ниту демантира дека се заговара огромни средства од Буџетот на Македонија кои ќе се исплатат во вид на пенали.

Тој додаде дека согласно вака потпишаниот договор Владата ќе исплати 53 милиони евра на ставка пенали доколку во дадениот рок не се изменат предвидените односно посочените закони

„Второто прашање повторно се однесува до Јавниот Обвинител кое гласи дали и кога е оформен предмет односно предистражна постапка затоа што Владата потпишала преку ЈПДП за договорените пенали доколку државата не го смени законот за работни односи за да имаме 60 часовна работа иако знаеле дека не можат да ја исполнат оваа обврска?“ запраша Ефтимов.

Ефтимов истакна дека се има индиции за противзаконски дејанија и за кои треба Јавното Обвинителство да постапи.

„Ова се индиции за сторени противправни дејанија за кои што Јавниот Обвинител требаше да биде овде и да даде одговор или да се произнесеше дека е отворена или кога ќе биде отворена или да кажеше барем кога ќе имаме дополнителна јавно обвинителска одлука дали постапката ќе продолжи или ќе ја запрат овде“, дециден е Ефтимов.

Би можело да ве интересира

За Груби пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се чипувани: Не одговори на прашањето зошто делува како менаџер на „Бехтел и Енка“

Орце Костов

(ВИДЕО) Маричиќ и испрати бакнежи на пратеничката Дафина Стојановска: „Лигав еден, како не ти е срам“

Орце Костов

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски од Собрание до ВМРО-ДПМНЕ: Ставивте во затвор 36 луѓе за кои око не ви мрднува, а со вашиот лидер ургирате да се заштитат парцелите во Делчево

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Постапете согласно законот, ДУП-от за Карпош, за дел во Злокуќани не е во корист на граѓаните

Ана Ололовска