ЕФН: ВМРО – ДПМНЕ нема право да бара МИА да открива извори

Од:

Генералниот секретар на Европската федерација на новинари (ЕФН), Рикардо Гутиерез, реагира на барањата на ВМРО-ДПМНЕ, државната агенција МИА да ги открие своите извори и најстрого осудува секаков обид за заплашување на медиумите.

Гутиерез порачува дека новинарите, според утврдените деонтолошки правила, имаат целосно право и треба да ги заштитат своите извори и немаат никаква обврска да ги откриваат.

– Притоа, новинарката Тања Милевска, како новинар кој работи во Белгија, не само што има право да ги заштити своите извори, туку е и обврзана на тоа според белгискиот закон за заштита на извори. Белгиските закони предвидуваат откривање на извори единствено во случај на кривично дело или доколку нечиј живот е загрозен, а процедурата може да ја води само истражен судија, во ниеден случај политичка партија нема право да бара такво нешто, рече Гутиерез за МИА.

Тој ја потсетува и опозициската партија и сите партии во земјата дека Македонија е потписник на сите релевантни резолуции на Советот на Европа за заштита на извори во рамките на слободата на медиумите.

Доколку не престанат притисоците врз МИА, Европската федерација на новинари е подготвена да го пријави случајот на Платформата за заштита на новинари при Советот на Европа како заплашување на медиумите и загрозување на слободата на новинарите, посочи генералниот секретар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите