Едукативно предавање за органодарителство во Кочани

Од:

По повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот – 9 Март во Кочани се одржа едукативно предавање на тема „Органодарителство“. Организатор е Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, огранок Кочани, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст Кочани.

– Целта на ова предавање е да го истакнеме значењето на бубрезите како орган, како и да објасниме повеќе за органорадителството и колку е важна таа постапка за да се спаси нечиј живот, рече Анета Коцева, секретар на Општинската организација на Црвениот крст Кочани.

Предавач беше д-р Марјан Ефтимов, вработен во Центарот за дијализа Кочани.

Гоце Арсов изјави дека три години и осум месеци бил пациент на дијализа.

– Откако ми се јави докторката и ми кажа дека пронајдоа дарител што ќе може да ми дарува бубрег, а станува збор за починато лице, многу се израдував што повторно ќе бидам ист како другите луѓе и нема да има потреба повеќе да одам на дијализа. Успешна беше трансплантацијата и сега сум добар со здравјето, рече Арсов. Тој порача сите да се пишат како донатори бидејќи на тој начин можат да спасат нечиј живот.

Откако една година беше стопирано, сега во Македонија повторно се извршува трансплантација на органи согласно Законот за земање делови од човечко тело заради лекување на друго лице.

По повод Светскиот ден на бубрегот во Трговскиот центар во Кочани беа поставен и штандови на кои волонтерите на Црвениот крст и претставници од Центарот за дијализа Кочани, како и од Здружението „Нефрон“ им делеа флаери на граѓаните за заштита и превентива од бубрежни заболувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Мицкоски: Надвор од тековните трансфери од централниот буџет, за Кочани ќе се обезбедат дополнителни 100 милиони евра, пари кои ќе се вложуваат во инфраструктурни проекти

И зема 4.000 евра за да и „среди“ за пензија, па го снема

А1он