Eдукативни работилници за репродуктивно здравје на жени од рурални подрачја во Кривопаланечко

Од:

Работилници за едукација низ дискусија и обуки на тема „Репродуктивно здравје кај жените, значење на редовните гинеколошки прегледи и заштита на репродуктивниот систем“ беа спороведени во четири кривопаланечки села.

Вкупно стотина жени од селата Жидилово, Узем, Огут и Нерав, беа опфатени со работилниците кои ги организира Здружението на жени, земјоделки, сточарки и домаќинки „Агропаланчанка“ во рамки на проектот „Грижи се за сите, но и за себе“, финансиски поддржан од општина Крива Паланка со средства наменети за поддршка на здруженија и фондации од буџетот на општината.

– Работилниците се оддржаа со целните групи во селата и наидоа на голем интерес кај локалното население. Предавањата на лекарот-специјалист, гинеклолог доктор Македонка Наумовска беа насочени кон укажување на последиците од ненавремени и нередовни гинеколошки прегледи како превентива во заштитата на репродуктивните органи кај жената, пред се појавата на малигни заболувања. Работилниците имаа интерактивен карактер, а учесничките се информираа и подетално со оваа проблематика, информираа од „Агропаланчанка“.

Дел од учесничките со ризик-фактори или почувствувани одредени промени и проблеми, направиле примарно испитување со спирометар, како една од методите за дијагностицирање на проблеми со белодробието.

Организаторите посочија дека веќе е договорена и средба на која треба да се систематизираат и анализираат ефектите од одржаните работилници, како и да се изврши евидентирање на жените кои подолго време или воопшто не извршиле гинеколошки прегледи и ПАП тестови, како резултат на лошата материјална состојба и други субјективни причини во насока на нивна финансиска подршка за спроведување на превентивен преглед.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски