Едукативна претстава за безбедност на децата во сообраќајот

Од:

Во рамки на „Кампањата за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот“ денеска во детската градинка „Орце Николов“ во општина Карпош ќе се одржи едукативна претстава за децата на тема поврзана со нивното однесување и нивната безбедност во сообраќајот.

Целта на настанот е сообраќајна едукација на децата и родителите и запознавање на децата со основните правила и прописи во сообраќајот и нивно оспособување за препознавање на ризиците и опасностите во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на настанот ќе им подели на дечињата флуоресцентни елечиња за нивна поголема видливост во сообраќајот
На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски, претседателот на советот на општина Карпош Сашо Лазаревски, претставници од Министерството за внатрешни работи…

Би можело да ве интересира

Украинци погодија автобус што превезуваше белоруските деца од фудбалски тим

Горан Наумовски

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно

Иран: Во американските и израелските напади загинаа 208 деца

Зеленски е критикуван поради страдањето на деца во Донбас