Едукативен сообраќаен полигон за учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Центар

Од:

Едукативен сообраќаен полигон наменет за подигнување на свеста за поголема безбедност во сообраќајот денеска беше поставен во основното училиште „Гоце Делчев“ во Општина Центар. Полигонот е донација од компанијата ОКТА, како дел од активностите на кампањата „Јас внимавам“.

На полигонот учениците ќе можат да се запознаваат со основните сообраќајни принципи и да учат за правилно однесување во сообраќајот.

Марија Ставрева менаџер за општествена одговорност и комуникации во ОКТА рече дека тие како одговорна компанија која будно ги следи актуелните состојби во Македонија, оваа година својот општествено одговорен ангажман ќе го насочат кон креирање на кампања која ќе помогне за поголема безбедност во сообраќајот. Најави дека ОКТА планира да подари повеќе сообраќајниот полигон и различни едукативни материјали и за другите училишта за, како што рече, поголема ефикасност во сообраќајната едукација кај најмалите.

Поддршка на едукацијата за безбедност во сообраќајот на учениците даде и Министерството за внатрешни работи при што главниот инспектор во секторот за сообраќајни работи при БЈБ Трајче Георгиев информира дека на годишно ниво на територијата на Македонија се случуваат во просек околу 7.300 сообраќајни несреќи од кои во 3.900 последиците се поголеми. Георгиев рече дека во сообраќајките во Македонија гинат околу 160 луѓе годишно.

Директорката на училиштето Наде Молеровиќ нагласи дека е потребно децата уште од најмлада возраст да се едуцираат за сообраќајната култура, за да умеат да се снајдат на безбеден начин. Полигонот, според неа, е од огромна важност, со кој како едукативна алатка наставниците ќе можат практично да им пренесат знаење на учениците.

„Јас внимавам“ е национална кампања, а ОКТА и МВР секој месец со различни активности ќе го посветат на некои од најчестите сообраќајни проблеми, како возење под дејство на алкохол, неопходноста од користење заштитни шлемови за мотоциклистите и сигурносен појас за возачите на автомобил, возење и зборување на мобилен телефон, возење со препорачана брзина на патот, користење на детско седиште и соодветна зимска опрема. Преку активностите, кај возрасните ќе се буди свеста и чувството за одговорност, а најмладите ќе сеедуцираат преку театарска претстава, боенки и едукативни сообраќајни полигони.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ