Едукација на средношколците од Неготино за родова рамноправност

Од:

Пред средношколците во неготинската гимназија денеска се одржа презентација за родова рамноправност со што беше означен почетокот на одбележувањето на месецот на родова рамноправност во рамки на проектот „Пополни ги празнините”, кој го реализира невладината организација “Женско лоби” од Демир Капија, во партнерство со уште неколку невладини организации од Тиквешкиот регион.

-Проектот започна во април и ќе трае до декември. Целта е зголемување на јавната свест за родовата рамноправност. Во рамки на месецот на родова рамноправност кој почнува денеска, ќе има неколку настани, меѓу кои и денешната презентација, рече Менче Николова, проектен координатор.

Иста ваква презентација ќе има и за средношколците од кавадаречката гимназија, а потоа ќе следува јавна трибина на оваа тема во Кавадарци. Во Демир Капија ќе се реализира трибина против семејно насилство. Предвидени се и активности за демиркаписките основци.

Предавач беше Бети Пеева од “Ехо”, хуманитарно едукативна организација од Штип.

– Целта на денешната работилница е запознавање на средношколците за родова рамноправност, со поимите пол и род и родови улоги, родови стереотипи и родова дискриминација. Во современото општество се поголема е потребата од родова рамноправност или еднаквост, која за жал сеуште е на некое почетно ниво. Тие се потенцијалот за градење на таа родова рамноправност во иднина. Во семејствата, во училиштата и во самото општество, нагласи Пеева.

Би можело да ве интересира

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук

Маж со нож и се заканувал на сопругата

Кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка

Изгоре покрив од куќа при пожар во Неготино

Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино

Општина Неготино ќе плати дел од трошоците за лекување на младата Матеа Стаменова

Предраг Петровиќ