„Едуцирани родители, среќни деца“ – нов проект на општина Центар

Од:

Општина Центар го започна серијалот предавања “Едуцирани  родители, среќни деца“ , на кој сите идни родители ќе имаат можност да добијат информации и стручни совети за започнувањето и одржувањето на здрава бременост, како и за правилната грижа за детето по породувањето.

Општина Центар и со овој нов проект покажува дека  постојано работи на решавање  на проблемите на жителите на општината со што ќе се овозможат сите предуслови за поубава иднина.

pradavanje-1

„Децата се нашето најголемо богатство, решивме на уште еден начин да понудиме грижа за нивната добросостојба. Имено, за оптималното здравје на најмладите е неопходна соодветна информираност на возрасните. За таа цел, повикавме стручни лица со долгогодишно научно и практично искуство од областа, со чија помош граѓаните ќе се информираат како на најдобар начин да планираат семејство, да уживаат во здрава бременост и да понудат врвна грижа на своите најмили. Инвестирањето во иднината значи инвестирање во здравјето и правилниот развој на децата, како наша најголема надеж и вредност. Затоа, општината Центар со голема љубов ги концепираше овие едукативни работилници, кои веруваме дека ќе помогнат за што побезгрижно родителство и поубав раст на најмалите и најмилите“, е ставот на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Предавањата  се одржуваат два пати месечно во Канцеларијата на млади на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар