Еднократна парична помош за 30 жители во општина Карпош

Од:

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, општина Карпош денеска додели еднократна парична помош во износ од 10.000 денари на 30 лица со посебни потреби. Помошта им ја врачи градоначалникот Стевчо Јакимовски, а порака на своите сограѓани им пратија и децата од градинката „Пролет“ преку изведба на песни.

– Оваа наша манифестација е начинот на кој ние во Карпош го одбележуваме Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, рече по тој повод Јакимовски.

Набројувајќи ги активностите на тој план рече дека во Карпош се води интензивна грижа за лицата со посебни потреби, при што на оние што имаат хронични болести, во континуитет им се доделуваат парични средства. Направени се сите пристапни рампи до институциите, а во основните училишта, локалната самоуправа плаќа стручни тимови, од социјален работник, психолог, педадог и дефектолог за да се посвети поголемо внимание на овие ученици. За лицата со посебни потреби се одделуваат средства за соодветна опрема, посебно за оние кои спортуваат и учествуваат на меѓународни натпревари.

Оваа хумана манифестација за Денот на лицата со посебни потреби се одржува по вторпат и има за цел да прерасне во долгогодишна традиција.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски