Едногласно усвоена итната резолуција за Македонија на Советот на Европските либерали и демократи

Од:

Партијата Алијанса на либерали и демократи на Европа на средбата во Осло, Норвешка, денеска усвои итна резолуција за Р. Македонија. Во неа е наведено дека најновите случувања водат кон дестабилизација на државата и поширокиот регион.

• Политичката ситуација во Македонија забрзано се влошува.
• Одредени високи владини функционери се обвинети за тежок криминал.
• Настаната ситуација води кон дестабилизација на земјата, која може да има последици и за поширокиот регион.

Од тука Алијансата на либерали и демократи на Европа повикува на:
• Итна оставка на Владата и формирање на преодна влада поддржана од сите политички партии.
• Меѓународно набљудуван процес кој ќе ги истражи обвиненијата, ќе обезбеди и гарантира независен судски процес.
• ЕУ и САД, како потписници на Охридскиот рамковен договор во 2001, да ја преземат својата улога како гаранти за мирот и стабилноста на земјата.
• Европската Народна Партија (ЕПП) да заземе јасен став за обвиненијата за високи фунционери на нивната членка во Македонија – ВМРО- ДПМНЕ.

Едногласно усвоената итна резолуцијата за Р.Македонија е предлог на сестринските партии: Холандските Демократи 66, Британските Либерал-Демократи, Каталонската Демократска Конвергенција и Европската Либерална младина.

Членки на АЛДЕ партијата се владечките партии на Белгија, Естонија, Финска, Луксембург, Холандија и Словенија, како и коалиционите партнери во владите на Чешката република, Литванија, Швајцарија и Хрватска.

Би можело да ве интересира

ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

А1он

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“