Еден загинат во сообраќајка во Прилеп

Од:

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу три часот на улица „Александар Илиески-Кусиот“ во Прилеп.

Животот го загубил 39-годишниот прилепчанец Рубинчо Димоски.

Според јавниот обвинител  Мријана Илиеска, автомобилот марка „фолксваген поло“ од засега непознати причини удрил во метална конструкција за тутун.

Совозачот во автомобилот,  Рубинчо Димоски, од ударот добил расекотини на вратот и искрварил. Починал на пат до градската болница во Прилеп. Возачот не бил повреден.

Јавниот обвинител нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта на 39-годишниот Димоски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип