Едно лице загина во сообраќајка викендов во Скопје

Од:

Еден возач на патничко моторно возило го загубил животот во една од вкупно 23-те регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Од евидентираните девет сообраќајки во петокот, во четири полесно се повредени четири лица, пет несреќи се со последица материјална штета.

Во саботата, пак, се случиле седум сообраќајни незгоди, при што во шест несреќи полесно се повредени девет лица. Една сообраќајка е со последица материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани седум сообраќајки, во една од нив загинал возач, еден возач е со тешки телесни повреди, а две лица се здобиле со лесни телесни повреди. Во две е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 40 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 10 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, девет возачи поминале на црвено светло на семафор, 52 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 93 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, како и девет возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 89 непрописно паркирани возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од прво одделение во ОУУ „Јан Амос Коменски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство