Едно лице загина во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Од:

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на регионалниот пат Штип – Радовиш, кај месноста викана Шести километар.

Според првичните информации, загинат е совозачот на автомобил „форд“, додека возачот е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Штип.

„Фордот“ излетал од коловозот при што директно удрило во едно дрво покрај патот. Совесниот возач Коле Колев околу 8 часот и 45 минути го забележал возилото покрај патот по што веднаш повикал Итна медицинска помош и противпожарна единица.

Во тек е увидот од страна на јавен обвинител и на крим-техника.

Командирот на Противпожарната единица Кирчо Патраклиев вели дека пожарникарите веднаш го извадиле живиот возач по што Итната медицинска помош веднаш го хоспитализирала.
Сообраќајот на регионалниот Штип – Радовиш се одвива во една лента и сообраќајната полиција го регулира сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче