Едно лице загина во сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

Од:

Дехар Дехари од село Србица, Кичевско, утрово го загубил животот откако, претекнувајќи возило, изгубил контрола над „голфот“ со кој управувал и излетал од коловозот.

Според полцијата, несреќата се случила околу пет часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на местото викано „Сеферов бунар”.

Во незгодата повреди здобил и совозачот Л.Ќ. од Кичево.

Со Итна медицинска помош двајцата се пренесени во Кичевската болница каде што Дехари им подлегнал на повредите, додека Л.Ќ. е задржан на лекување и е пренесен во Скопје.

Преземени се мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски