Едно лице загина, а малолетник е тешко повреден во сообраќајката кај Тополчани

Од:

Еден лице го загуби животот, а малолетник е тешко повреден во вчерашната сообраќајка што се случи на магистралниот пат Прилеп – Битола кај село Тополчани, соопшти МВР.

Во несреќата меѓу патничко моторно возило „Опел астра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 60 годушен жител на Берово, и патничко моторно возило „Цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 46 годишен битолчанец, што била пријавена во 12:40 часот, повредени се и уште три лица.

На местото на настанот починал возачот на возилото „Цитроен Берлинго“, а со тешки повреди се здобил сопатникот од возилото „Опел астра“ кој бил малолетен. Повредени се и возачот и уште двајца сопатници во „опелот“. Сите се пренесени во Клиничката болница Битола.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва