Едно лице загина, а четворица се повредени во сообраќајна несреќа

Од:

Едно лица загина, а четворица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 21 часот на патот Битола – Демир Хисар, на надвозникот на Кукуречанската раскрсница.

Портпаролот на СВР Битола, Магдалена Димитровска соопшти дека до несреќата дошло при судир на патничко возило „мерцедес 200“ и товарно моторно возило „Там 80Т“. Во несреќата загинал возачот на автомобилот 42- годишниот Сашо П. од Битола.

– Четириесет и двегодишниот битолчанец им подлегна на повредите во Клиничката болница во Битола, а лекар од Службата за ургентна медицина можел само да ја констатира смртта. Во сообраќајката се повредени четири лица од кои тројца сопатници на загинатиот битолчанец. Со фрактура на главата се здобил и е во коматозна состојба 24-годишен битолчанец со иницијали Г.Ј, а повредени се и уште двајцата сопатници со иницијали И.Ј (41 година) и А.Р (53 години). Со набиеници се здобил и 30-годишниот Е.Б од Битола од другото возило во несреќата, изјави Димитровска.

Таа додаде дека се уште не се познати причините за несреќата, но оти се знае дека мерцедесот се движел во правец од Демир Хисар кон Битола и удрил во товарното возило.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и екипи на СВР Битола. За да се утврдат причините за смртта на 42-годишниот битолчанец Сашо П., ќе биде направена обдукција на телото.

Поради сообраќајната несреќа синоќа во периодот од 21:20 до 23:50 часот сообраќајот на патот Битола – Демир Хисар беше затворен за сообраќај за сите моторни возила.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он