Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Псача, сообраќајот во прекин

Од:

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа која се случи кај местото викано Просеченик кај село Псача во општина Ранковце, на магистралниот пат А2, Куманово -Крива Паланка, поради што и сообраќајот е во прекин од 13:45 попладне.

Се судриле автомобил и камион, а со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот.

– До незгодата дошло кога патничко моторно возило марка пасат, со бугарски регистарски таблици управувано од П.Н. роден 1970 година движејќи се во насока кон Крива Паланка изгубил контрола и удрил во товарно моторно возило, марка Мерцедес, со албански регистарски таблички, управувано од А.А. роден 1972 година, кое се движело во спротивна насока, изјави Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он

Двајца загинати, тешко повредено дете во три сообраќајки во 24 часа

Жената не внимавала на пешаците, прегазениот човек се движел по коловозот наместо по тротоарот, соопшти Обвинителство

Приведена 40-годишна скопјанка која смртно прегази пешак во Волково

Се судрија автомобил и камион во Кисела Вода, настрада 19 годишна девојка која поминуваше во близина

А1он