Едно лице се здобило со изгореници во пожарот во „Станица 26“

Од:

Еднo лице се здобилo со изгореници при пожарот кој избувна на клубот „Станица 26″ во центарот на Скопје. Полицијата информира дека станува збор за работник кој бил ангажиран да изврши ситни поправки на покривот. Тој се здобил со мали изгореници и отишол во Ургентен центар-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди, по што е пуштен на домашно лекување.

Пожарот избувна вчера во 15.00 часот во Скопје на улицата „Јордан Мијалков“ во угостителски објект ,Станица 26“. Изгорена е внатрешноста на објектот и делумно е оштетен покривот. Пожарот е изгаснат од екипа од БППЗ во 15.50 часот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски