Едно лице расечено со нож во тепачката во Нерези

Од:

Едно лице било расечено со нож во тепачката што се случи синоќа на булевар „Партизански одреди“ во скопската населба Нерези.

Како што соопшти СВР Скопје, вчера околу 18.00 часот на бул. „Партизански Одреди“ настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу две групи на лица, Е.М.(19), Љ.И.(19) од една страна и З.Р.(31), Ш.И.(29) и Е.А.(23) од друга страна сите од Скопје, при што Љ.И. се здобил со расекотина на нозете од остар предмет најверојатно нож.

На повредениот му е укажана лекарска помош во ГОБ „8 ми Септември“ и му е констатирана телесна повреда. Припадници на СВР Скопје во близина на местото на настанот пронашле огнено оружје пиштол, кој е предаден за вештачење.

Лицата се приведени, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Се работи на утврдување на идентитетот на евентуално и други лица инволвирани во настанот.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ