Едно лице рането со нож во тепачка во Гостивар

Од:

Едно лице е прободено со нож, а шестмина се здобиле со исеченици и повреди по главите во групна тепачка во Гостивар во која учествувале единаесет помлади лица, соопшти СВР Тетово. Тројца од учесниците во тепачката се задржани во полициска станица.

Во тепачката, А.Д. (24) од гостиварското село Мало Турчане  се здобил со убодна рана. Набрзо бил згрижен во гостиварската болница по што е пренесен на скопските клиники.

Според СВР Тетово, тепачката започнала на улица „ЈНА“ во Гостивар, помеѓу шест лица на возраст од 19 до 24 години од Гостивар, Мало Турчане, Равен и Лакавица и пет лица  од Добри Дол на возраст од 19 до 23 години.                       

Увид на местото извршиле истражен судија и јавен обвинител, притоа е пронајден и подигнат е ножот, за кој се претпоставува дека е користен при повредувањето и кој ќе се вештачи.

Тројца од учесниците, Н.А (22), А.Ј (22) и Ф.И (23), од Добри Дол, се приведени и задржани во Полициската станица Гостивар.

Полицијата работи на расветлување на поединостите поврзани со овој  случај.

За помалку од десет дена, ова е втор случај на ранување со нож во тепачка. Еден од тепачите, минатата недела заработи триесетдневен притвор.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип