Едно лице приведено за пукањето со автоматска пушка кон Борис Мутков-Фантом

Од:

Полицијата ноќеска привела едно лице за пукањето кон Борис Мутков познат како Фантом. Од МВР за „А1он”, велат дека 23-годишникот е приведен во врска со настанот, не кажуваат дали истото лице го сомничат дека пукало кон Фантом.

„Ноќеска околу 00.00 часот примена е пријава дека на влез во с.Бардовци било пукано кон Б. М. (40), кој се движел со возило „мерцедес”. Б.М. е пренесен во болницата „Систина“ за укажување помош. Во врска со настанот е приведен С.Е. (23). Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од МВР.

Инаку, непознати лица пукале кон Борис Мутков, познат под прекарот Фантом, додека тој се движел со автомобил марка „мерцецедес“ во скопската населба Бардовци каде што живее. Кон него, според неофицијалните информации, било пукано со автоматска пушка.

Фантом важи за пријател и соработник до Џелал Ајети – Џељо од Арачиново, водач на криминалната група „Беланоца“ која се бавеше со лихварство и трговија со дрога.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари