Едно лице повредено во сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум

Од:

Албански државјанин е повреден во сообраќајна незгода што се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум.

Полицијата денеска соопшти дека незгодата се случила вчера во 17:40 часот меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со чешки таблички управувано од Н.П. (18) од Чешка и патничко возило „ауди“ со скопски таблички, управувано од А.И. (25) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Б.(34) кој бил сопатник во голфот. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум