Едно лице повредено во сообраќајка кај Охридскиот аеродром

Од:

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода што синоќа се случила на регионалниот пат Охрид – Струга, во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.

Во несреќата, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, учествувале патнички моторни возила „Пежо 306“ со битолски регистерски таблички и „Даеву“ со охридски ознаки.

– До незгодата дошло кога возилото марка „Даеву“ се вклучувало на регионалниот пат, при што наишло и се судрило со „Пежото“ со предната лева страна директно во предната десна страна од „Даевуто“. Возачот на „Пежото здобил со тешко телесни повреди по телото, поради што е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде е задржан на натамошно лекувањ, појасни Димоски.

На место на несреќата увид направија истражен судија и полициски екипи од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он