Едно лице повредено во расправија на „Џон Кенеди“

Од:

Едно лице се здобило со повреди од убод од остар предмет и од огнено оружје синоќа во расправија што се случила во возило на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека синоќа околу 21:50 часот на ул.„Џон Кенеди“, 32-годишен маж од Скопје пријавил дека по претходен договор се сретнал со двајца негови познаници, во врска со давање на пари.

По кратко време, настанала расправија и едниот од пријавените му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица. На оштетениот му е укажана помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва