Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец

Од:

Едно лице било повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец. Ова го потврди за МИА, доктор Антоан Паракеов, раководител на кавадаречката Итна медицинска помош.

– Според првични информации од лице место, товарното возило со скопски регистарски таблички од засега непознати причини се излизгало во долот. Шоферот од Велес роден 1985 година, успеал да излезе од возилото. Се здобил со лесни телесни повреди, но заради секоја сигурност, го однесовме до Општа болница Кавадарци, за подетална проверка на неговата здравствена состојба, појасни Паракеов.

На лице место биле брзата помош, полицијата и противпожарната служба. Се очекувала влечна служба за да го подигне возилото.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие