Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

Од:

Сопатник во моторно возило се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 16 сообраќајки во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест полесно се повредени осум лица, во девет сообраќајки е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 28 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 18 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и 19 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и шест возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, 17 возачи за не користење заштитен шлем, летворица возачи за не носење сигурносен појас и 14 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 70 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 64 возила.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски