Eдно лице под истрага за пронајдени растенија канабис во кичевско Лисичане

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот 40-годишник, во кичевското село Лисичане, била пронајдена импровизирана лабораторија за одгледување на растенија канабис и апаратура за производство на наркотична дрога марихуана. Притоа биле пронајдени 15 откорнати растенија со висина од околу еден метар и две млади растенија со висина од околу шест сантиметри засадени во саксија.

Во домот на осомничениот била пронајдена и наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 0.14 грама во рачно направени цигари со мешавина со тутун.

Лицето е лишено од слобода и изведено пред судија на претходна постапка. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

САД признаа дека убиле петмина наводни „наркотерористи“ во два напада врз бродови во источниот Пацифик

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

ВИДЕО: Приведен стружанец, организатор на меѓународна криминална група за шверц со наркотици

Горан Наумовски

Кривична пријава против граѓанин од Гевгелија за поседување марихуана